
Фудбалерите на Шкупи максимално мотивирани влегуваат во утрешниот дерби-дуел против Вардар, на кој трите бода им се неопходни во битката за излез во фудбалска Европа наредната сезона. Свесни дека зад себе ќе ги имаат и верните навивачи, играчите на Шкупи се оптимисти дека ќе успеат да ја остварат зацртаната цел и да стигнат до цел плен против градскиот ривал.
„Утрешниот натпревар е многу важен за нас, но не и за ардар бидејќи знаеме дека Вардар веќе го осигура второто место на табелата и ќе игра во Лигата на Европа. Ние имаме пред себе зацртани цели, има пет кола до крајот на првенството, ќе сториме се за да останеме на четвртото место на табелата, со надеж дека Академија Пандев ќе го освои Купот на Македонија. Дуелот со Вардар е големо градско дерби, мотив сам по себе за сите фудбалери, но и знаеме колку е важен за нашите навивачи „Шверцери“. Ќе сториме се за да стигнеме до победата и да останеме во игра за Лигата на Европа“ – изјави капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами.
Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар се игра утре со почеток во 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
