Германскиот гигант Баерн Минхен испратил официјално барање за трансфер на играчот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, пренесува „Атлетик“. 22-годишниот холандски репрезентативец веќе му соопштил на раководството на „биковите“ дека сака да го напушти клубот ова лето.
Баерн беше заинтересиран за Симонс и минатата сезона, но тогаш тој реши да остане во Лајпциг, каде што беше откупен од ПСЖ. Германскиот клуб плати 50 милиони евра за неговите права.
Иако преговори меѓу Баерн и Лајпциг сè уште не се започнати, Симонс дал до знаење дека е подготвен за следниот чекор во својата кариера.
Неговиот договор со Лајпциг е со важност уште две години. За клубот од Бундес-лигата има одиграно 76 натпревари, постигнато 21 гол и запишано 23 асистенции.
Чави Симонс е фудбалски производ на академијата на Барселона, а во кариерата има настапувано и за ПСВ Ајндховен и ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













