Connect with us

Баерн неочекувано се „лизна“ против Мајнц (ВИДЕО)

Баерн вечерва имаше апсолутна доминација, но мораше да се задоволи со бод на „Алијанц арена“, 2-2 против последнопласираниот Мајнц.

Домаќините имаа посед на топка дури 85% од времето, имаа 12 удари во рамки на голот, двојно повеќе шутеви вкупно и безброј акции, но Мајнц искористи само два обиди во рамки на голот и постигна исто толку голови. Со овој бод, Мајнц сега има 7, додека Бајерн останува на врвот со 38 бода.

Првиот гол го постигна Бајерн во 29. минута: суперталентираниот Карл ја искористи асистенцијата на Гнабри од левата страна и лесно ја испрати топката во мрежата. Сепак, Мајнц не се предаде – со само 13% посед на топката во првото полувреме, стигнаа до израмнување од единствениот шут кон голот. Бовинг изведе слободен удар, а Потулски скокна и погоди за 1-1.

Во второто полувреме следеше нов шок и 1-2. Ли Је Сунг избегна одбраната на Баерн, прими прецизна топка од Бела и го совлада голманот. Баерн мораше целосно да фрли сѐ во напад.

Израмнувањето дојде дури во 86. минута: Александар Павловиќ ја упати топката до Хари Кејн, Англичанецот симулираше контакт во шеснаесетникот, судијата покажа пенал и жолт картон за Потулски. Кејн ја презеде топката и рутински погоди за конечни 2:2.

До крајот на натпреварот Баерн имаше уште десетина минути за целосен пресврт, но Мајнц храбро се бранеше и успеа да извлече бод против далеку подобриот противник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови