
Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен покажува интерес за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс. Баварците ќе се обидат да го ангажираат шпанскиот репрезентативец следното лето, а евентуалниот трансфер ќе зависи од преговорите за обновување на договорите на тројца од офанзивните играчи на Баерн, Серж Гнабри, Лирој Сане и Кингсли Коман.
Макс Еберл и Кристоф Фројнд имаат цел да го засилат тимот со еден или два врвни крилни напаѓачи следното лето, во зависност од ситуацијата со Сане, Гнабри, Коман и Сарагоса.
22-годишниот Вилијамс има 23 натпревари за баскискиот тим оваа сезона, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Неговиот договор со клубот од Билбао трае до летото 2027 година.
Нико Вилијамс, кој беше еден од клучните играчи за титулата на Шпанија на ЕВРО 2024, минатото лето беше поврзуван со Барселона, но тогаш одлучи да остане во редовите на баскискиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal