
Германскиот гигант Баерн Минхен потврди дека и официјално нов тренер на тимот од следната сезона ќе биде Џулијан Нагелсман, сегашниот стратег на Лајпциг. Баварскиот клуб ќе плати 25 милиони евра отштета, а Нагелсман потпиша договор на пет сезони. Тој треба во наредните пет години да биде шеф на стручниот штаб на Баерн Минхен.
„Џулијан Нагелсман потпиша договор на пет сезони и тоа доволно асоцира колку тој се поистоветува со Баерн Минхен. Сигурен сум дека со него Баерн Минхен ќе оди уште еден чекор понапред во спортскиот дел. Истовремено, сакам да му се заблагодарам на Ханси Флик за одличната работа што ја заврши во клубот“, изјави директорот Оливер Кан.
Баерн Минхен и оваа сезона ќе ја освои шампионската титула во Бундес-лигата и ќе ја продолжи доминација во германскиот фудбал, а единствен ривал кој го следеше до самиот крај е токму Лајпциг, чиј тренер е Џулијан Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
