Во Германија, поради влошената епидемиолошка состојба предизвикана од коронавирусот и значителното оптоварување на здравствениот систем во некои провинции, може да дојде до ново заострување на мерките, а со тоа и нови одлуки за публиката на стадионите.
Првиот човек на регионот Баварија, Маркус Содер по средбата во Минхен изјави дека побарал фудбалските натпревари во земјата да се играат без публика до крајот на годината. Тој смета дека не е адекватно стадионите да бидат полни доколку се затворат божиќните пазари.
„Ќе предложиме натпреварите во професионалните лиги до крајот на годината да се играат без публика. Ќе работиме за да се осигураме дека ова ќе се примени во сите делови на Германија, но Баварија може сама да го стори тоа“, рече Содер.
Во некои делови на Германија се отворени божиќните пазари, но се забранети во Баварија и Тирингија поради влошената епидемиолошка состојба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal