Connect with us

Баерн Минхен без четворица на дуелот против Баер Леверкузен

Мануел Нојер, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Корентин Толисо се уште не се подготвени за настап и ќе бидат надвор од тимот на Баерн Минхен за утрешниот натпревар против Баер Леверкузен. Ова денеска го соопшти тренерот на баварскиот тим. Џулијан Нагелсман.


Баерн е лидер во Бундес – лигата со осум бода предност пред второпласираната Борусија Дортмунд, а утре се среќава со третиот во поредокот, Баер Леверкузен.

Голманот Нојер продолжува со тренинзите една недела по операцијата на коленото, но не е подготвен за настап. Болка во коленото има и Леон Горецка, а Корентин Толисо се опоравува од повреда на мускулот и првпат трчаше во четвртокот.

Вестите за Алфонсо Дејвис, кој боледува од миокардитис, се добри, но ќе биде потребно подолго време за да се врати во форма.

Добрата вест е дека Томас Милер се опорави од Ковид-19, како и Никлас Суле, кој имаше болки во грбот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови