 
																												
														
														
													Баер Леверкузен славеше со 2-0 над Аугсбург и барем за момент останува во игра за титулата во Бундеслигата. Патрик Шик и Емилијано Буендија ги постигнаа головите за домашниот тим, кој сега чека разврска во следното коло кога сè ќе биде во рацете на Баерн Минхен.
Баварците пак, без многу мака, го совладаа Мајнц со 3-0 на „Алијанц Арена“. Лирој Сане го отвори резултатот во 27. минута, Мајкл Олисе го удвои водството, а Ерик Даер го постави конечниот резултат во финишот на натпреварот.
Борусија Дортмунд одигра возбудлив меч на гости кај Хофенхајм, победувајќи со 2-3 по 105 минути игра, додека Холштајн Кил во спектакл со седум гола го совлада Борусија Менхенгладбах со 4-3.
Фрајбург забележа минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Волфсбург, благодарение на погодокот на Макс Росенфелдер во 49. минута.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														