Connect with us

Баерн го декласира Вердер, Хари Кејн експресно до 100 гола (ВИДЕО)

Баерн Минхен го победи Вердер Бремен со убедливи 4-0 на „Алијанц Арена“ во натпревар од 5. коло на Бундес-лигата. Двојниот стрелец Хари Кејн ја одбележа вечерта, станувајќи најбрзиот играч во историјата на клубот со 100 гола во дресот на Баерн.

Домаќинот поведе во 22. минута преку Луис Дијаз по асистенција на Мајкл Олисе, кој со колено ја затресе мрежата. Во 44. минута Кејн изнуди пенал и го реализираше за 2-0.

Во второто полувреме, Кејн во 65. минута го постигна својот втор гол за вечерта и го прослави 100. гол за клубот, а конечниот резултат го постави Конрад Лајмер во 88. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови