Connect with us

Азар: Ќе излажам ако речам дека зборуваме со Карло Анчелоти

Белгискиот интернационалец Еден Азар речиси и да е заборавен на клупата на Реал Мадрид. Тој не добива шанса, сезонава забележа само седум настапи и јасно е дека не е во плановите на Карло Анчелоти за следните натпревари. Ова особено се однесува на Лигата на шампионите.


Сега ја призна вистината и дека не разговара премногу со тренерот Карло Анчелоти.

„Постои почит меѓу нас. Секогаш ќе биде така. Мора да почитувате човек кој прави такви работи во својата кариера, но нема да кажам дека разговараме. Тоа не би било точно“, изјави Азар.
Шокираше многумина, а јасно е дека Азар нема што повеќе да бара во Реал, иако има важечки договор до крајот на следната сезона.

Азар се покажа како целосен неуспех за Реал Мадрид. Вложените 100 милиони евра никогаш не му се исплатија на „кралскиот клуб“ и сакаат да се ослободат од него. Но, тој не мисли да си замине.

„Знам дека можам да дадам голем придонес за Реал Мадрид, но не добивам шанса да заиграм. И знам дека од мене се очекуваше и се очекува многу, но не можете да дадете веднаш пет гола ако не сте играле долго време“, изјави Азар.

За да му ја „убие волјата“ за останување, управата на клубот реши да му го одземе бројот „7“. Од следната сезона почитуваниот дрес ќе биде за бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор.

Вкупно, 32-годишниот офанзивец одигра 73 натпревари во дресот на „кралскиот клуб“ и постигна само седум гола. Сепак, тој успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите, две титули во Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови