
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ја заокружи епизодата во Хајдук Сплит и од вчера е нов член на полскиот прволигаш Краковија. Тој потпиша договор на 3,5 години со најстариот полски клуб.

„Среќен сум што дојдов во Краковија. Пријателите од Полска ми кажаа дека се работи за голем клуб, а тоа го увидов и во текот на преговорите, како и првиот ден. Мислам дека ова е еден чекор напред за мене во кариерата и се надевам дека ќе дадам голем придонес во идните успеси на клубот. Како играч од средниот ред, сакам да играм со топка, сакам и тимот да го има поседот на топка. Би им порачал на навивачите да продолжат да нѐ поддржуваат“, изјави Атанасов.
Краковија во моментот се наоѓа на средина на табелата во првенството на Полска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
