Connect with us

Аталанта со пресврт го победи Емполи (ВИДЕО)

Аталанта стави крај на серијата од четири меча без победа во Серија А совладувајќи го Емполи на домашен терен со 2-1. Тимот на Џанпјеро Гасперини со пресврт стигна до трите бода кои го враќаат во трката за пласман во ЛШ.

Тимот од Бергамо сега има три бода негатива во однос на четвртопласираниот Милан.

Емполи дојде до изненадувачка предност во 44.минута со голот на Тајрон Ебуехи.

Аталанта, сепак, ги смени нештата во вториот дел. Мартен Де Рон во 58.минута успеа да израмни, а Расмус Хојлунд во 86.минута се погрижи за комплетен пресврт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови