
Аталанта триумфираше против Милан и го зазеде врвот на табелата. Тимот на Џанпјеро Гасперини продолжува да демонстрира одлична форма во Серија А, освојувајќи важна победа против Милан со резултат 2-1 на „Сан Сиро“. Со овој триумф, Аталанта се искачи на првото место со 34 бода, два повеќе од Наполи, кој има натпревар помалку.
Натпреварот започна динамично, а Аталанта дојде во водство рано, кога Шарл де Кетеларе се запиша во листата на стрелците во 12. минута. Сепак, Милан брзо израмни преку Алваро Мората во 22. минута, кој умешно ја искористи шансата.
И покрај напорите на двата тима, одлучувачкиот момент дојде во 87. минута, кога Адемола Лукман постигна гол за победа на Аталанта. Овој погодок им донесе значајни три бода на doma[nite и ја потврди нивната амбиција за борба за титулата.
Натпреварот го одбележа и повредата на Кристијан Пулишиќ, кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме. Ова е дополнителен удар за Милан, кој ќе мора да се соочи со нови предизвици во продолжението на сезоната.
Со оваа победа, Аталанта ја зацврсти својата позиција како еден од фаворитите во тековната сезона, додека Милан ќе мора брзо да се врати во форма за да остане во трката за висок пласман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
