
Ал-Кадисија се договори со Аталанта за ангажман на напаѓачот на италијанската репрезентација, Матео Ретеги, во трансфер тежок 70 милиони евра. Како што пренесува „Спортиталиа“, финалните детали биле усогласени доцна синоќа.
Доколку трансферот биде и официјално потврден, Ретеги ќе биде втората највредна продажба во клупската историја на Аталанта, зад Расмус Хојлунд, кој во летото 2023 година премина во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра, плус уште 10 милиони евра преку бонуси.
Во текот на оваа недела, бергамскиот тим ја одби првата понуда вредна 53 милиони евра за фудбалерот со аргентинско потекло, но сега се согласил на повисоката сума. Во исто време, Ретеги и Ал-Кадисија се спогодиле околу личните услови – напаѓачот ќе заработува 20 милиони евра по сезона.
Ретеги, кој има 26 години, се приклучи на Аталанта минатото лето, откако беше откупен од Џенова за 28 милиони евра. Во текот на сезоната 2024/25, тој беше најдобар стрелец во Серија А со 25 голови на 36 одиграни средби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
