
Аталанта веќе се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, па Џанпјеро Гасперини не повика девет првотимци, плус шест повредени, за последниот натпревар од групната фаза со Ракув денеска.
Италијанскиот тим ја освои групата Д од Лигата на Европа на едно коло до крајот, откако собра 11 бода од пет натпревари. И да завршат со исти бодови со Спортинг Лисабон, избраниците на Гасперини имаат подобар учинок во меѓусебните мечеви, па ќе бидат први на табелата, без разлика на резултатите во последното коло.
Поради оваа причина, неколку редовни стартери на Аталанта дури и не полетаа за Полска во средата – Хуан Мусо, Берат Џимшити, Џорџо Скалвини, Давиде Дапакоста, Матео Руџери, Едерсон, Теун Купмајнерс, Мартен Де Рун и Адемола Лукман останаа во Бергамо, а повредени се Мишел Бакер, Џанлука Скамака, Рафаел Толои, Хозе Паломино, Сеад Колашинац и Ел-Билал Туре.
Гасперини го наполни тимот со многу играчи до 23 години, вклучувајќи го и 20-годишниот дефанзивец Џовани Бонфанти, кој се очекува да стартува откако го имаше своето деби во Серија А против Наполи на крајот на ноември. Вкупно, Гасперини повика 10 играчи од младинскиот тим на Аталанта за денешниот натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
