Connect with us

Астон Вила заинтересирана за потписот на Фелипе Андерсон

Астон Вила е заинтересирана за напаѓачот на Лацио, Фелипе Андерсон, тврди „Скај Спортс“.

Англискиот клуб сака да го ангажира 30-годишниот Бразилец во летото 2024 година како слободен играч. Договорот на играчот со актуелниот тим е со важност до крајот на јуни оваа година.

Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус ги договорил речиси сите детали околу преселбата на Фелипе Андерсон во Торино следното лето. Сепак, сега во играта е и Астон Вила.

Фелипе Андерсон игра за Лацио од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 тој постигна еден гол и забележа шест асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови