
Дефанзивецот на Челси, Цезар Аспиликуета, забележа достигнување со кое апсолутно секој фудбалер би се гордеел. Тој стана првиот играч во историјата на Челси кој ги освоил сите натпреварувања во кои учествувал. Со „сините“ од Лондон, Шпанецот триумфираше во Премиер – лигата, ФА Купот, Лига купот, Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа, а сега и на Светското клупско првенство.
Аспиликуета се пресели на „Стемфорд бриџ“ пред десет години од Марсеј, откако претходно играше во тимот на Осасуна. Оваа сезона искусниот дефанзивец има 17 натпревари и два гола во Премиер – лигата, како и шест натпревари и еден постигнат гол во Лигата на шампионите.
Неговиот договор со Челси е до крајот на сезоната и се вели дека ветеранот веќе потпишал преддоговор со Барселона.
Титулата на Светското клупско првенство е вкупно 21. трофеј за Челси под водство на Роман Абрамович. Рускиот олигарх го купи клубот во 2003 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
