Тимот на Брегалница на саботниот натпревар против Каменица Саса ќе го води помошниот тренер Александар Танчевски, откако во текот на оваа седмица штипскиот клуб спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Добринко Илиевски.
Од Брегалница искажана и благодарност до Илиевски за досегашната успешна соработка, со најава дека до крајот на оваа недела ќе биде именуван и новиот шеф на стручниот штаб.
„Помошниот Александар Танчевски ќе го води тимот на саботниот натпревар против Саса, а околу назначувањето нов шеф на стручен штаб одлуката ќе биде донесена до крајот на неделата. Веќе ги почнавме разговорите со неколку тренери и до крајот на неделата ќе биде именуван новиот шеф на стручен штаб на Брегалница“ – вели спортскиот директор на клубот, Никола Тонев, и дополнува:
„Иако ова за нас беше изненадувачка одлука за повлекување на Добринко Илиевски, сакаме да се заблагодариме на досегашниот тренер за меѓусебната успешна соработка. Со неговото несебично залагање и посветена ангажираност успеавме клубот да го подигнеме на едно повисоко ниво, оставајќи добра основа за понатамошно наше надградување. Му посакувам добро здравје и професионални успеси во иднина“.
Натпреварот меѓу Брегалница и Каменица Саса во 10. коло од Втората лига – Исток се игра во сабота (7. ноември) со почеток од 13:30 часот на Градскиот стадион во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













