Connect with us

Артета: Во првото полувреме не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја прокоментира победата на „топчиите“ со 5-0 против тимот на Челси во 29. коло на англиската Премиер – лига. Успехот е најубедлив за Арсенал во историјата на градските ривали, бидејќи успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5-1.


„Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнати голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата константност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно“, изјави Артета.

Благодарение на успехот, Арсенал се искачи на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови