Connect with us

Артета: Победивме на грд начин, но јас сум многу среќен

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше презадоволен од настапот на неговиот тим во победата над градскиот ривал Вест Хем во 35. коло од Премиер лигата. „Топчиите“ сега се во добра позиција да изборат пласман во Лигата на шампионите.


По победата над Вест Хем, Арсенал е на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Имаат 63 бода, два повеќе од петтопласираниот Тотенхем.

„Треба да најдете начин да победите, а ние победивме на грд начин. Покажавме одличен дух бидејќи се обидовме да воспоставиме начин на игра што ни одговара. Се адаптиравме. Успеавме да ги изнудиме грешките на противникот, ’копавме’ постојано“, изјави Микел Артета по натпреварот.

Арсенал во следното коло на 8 мај ќе игра против Лидс Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови