Без разлика на моменталната ситуација во која се наоѓа, Арсенал не планира да го менува менаџерот. Според англиските медиуми, Микел Артета ќе остане да работи на „Емирати“ и следната сезона.
Сопствениците на “топџиите”, наводно, веруваат дека Шпанецот веќе наредната сезона ќе се покаже како вистински избор. Тие се подготвени на целиот проект да му дадат повеќе време, а на 39-годишниот тренер да му овозможат шанса да го врати Арсенал таму каде што припаѓа, при самиот врв на англискиот клупски фудбал.
Арсенал се наоѓа на деветтата позиција во Премиер – лигата и нема изгледни шанси за излез на меѓународна сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













