Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази задоволство од настапот на својот тим по убедливата победа од 7-1 против ПСВ Ајндховен на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Ова е неверојатен резултат за нас. Овој турнир многу ни значи, а долго време не бевме дел од него. Оваа вечер беше навистина посебна. Многу сум горд на начинот на кој игравме. Ви благодарам, момци, за фантастичниот настап. Одигравме извонредно и заслужено дојдовме до овој резултат“, изјави Артета по натпреварот.
Според статистичкиот портал „Опта“, Арсенал стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите што постигнал седум погодоци како гостин во нокаут-фазата.
Реваншот на „Емирати“ е закажан за 12 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













