
Арсенал има намера да продаде дури девет играчи до крајот на преодниот рок, откриваат англиските медиуми. Целта на клубот е да собере повеќе од 115 милиони евра, а потоа да се обиде да донесе силно име на стоперската позиција, која беше ослабена со повредата на Јуриен Тимбер.
Најголема желба на клубот е Марк Гуехи, дефанзивецот на Кристал Палас. Тренерот на тимот Микел Артета јасно стави до знаење на кои играчи не смета со тоа што ги отстрани од тренинзите на тимот.
Тимбер пристигна во клубот во овој преоден рок, а Арсенал за него плати 40 милиони евра на Ајакс. Тој во дебито за тимот заработи повреда на предните вкрстени лигаменти, поради што ќе мора да ја пропушти целата сезона.
За да ги собере парите за негова замена, клубот ќе мора да продава. Киеран Тиерни, Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш, Фоларин Балогун и Роб Холдинг се играчите кои Микел Артета ги издвои од вчерашниот тренинг на тимот.
Самостојно тренираат и Николас Пепе, кој беше доведен од Лил во 2019 година за 80 милиони евра, и Седрик Соареш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
