Connect with us

Артета: Го немавме победничкиот карактер

Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија, ремизираше против Саутемптон (1-1) и загуби дел од предноста во однос на Манчестер Сити, на врвот на табелата во Премиер – лигата. Арсенал почна одлично и поведе на „Сент Мери“, но потоа прими гол и натпреварот заврши нерешено.


Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, не беше задоволен од прикажаниот карактер на тимот.

„Чувствувам дека загубивме два бода, особено според начинот на кој почнавме и шансите што ги создадовме. Кога ќе ги погледнете ситуациите, требаше да победиме. Но, вината е само наша. Мора да бидеме похрабри и поконстантни и да доминираме на натпреварот кога ја имаме топката. Сепак, има и позитивни страни. Ако не победиш, барем да не губиш. На кој стадион и да одиме во Премиер – лигата, со овој напорен распоред, секаде ќе биде многу тешко, но мораме да бидеме многу подобри“, изјави Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови