Арсенал не треба да си го одвлекува вниманието со победата од 3-2 над Тотенхем како гостин во дербито од 35. коло на англиската Премиер – лига, смета менаџерот на тимот Микел Артета. Арсенал води на табелата со 80 бода, еден повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.
„Да не се занесуваме многу. Мораме да сфатиме дека треба да бидеме подобри, сакаме да бидеме подобри. Има простор за напредок и ни претстои натпревар против Борнмут”, изјави Артета.
„Ние сме дел од битката за титулата. Мотивацијата и она што ни претстои е навистина убаво“, додаде шпанскиот стручњак по победата над Тотенхем.
„Момците одиграа многу минути, многу натпревари. Ова е емотивно напорен месец, но морав да ги запрам играчите на тренинзите бидејќи сакаа повеќе. Тоа е добар знак. Овој тим има многу храброст и решителност да го направи тоа, имам верба во играчите“, рече Микел Артета.
Арсенал е домаќин на Борнмут на 4 мај во нивниот следен натпревар од Премиер – лигата, додека Манчестер Сити е домаќин на Вулверхемптон истиот ден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













