Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, размислува за трансфер за играчот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња, што би можело да значи крај на престојот на Томас Парти на „Емирати“. Шпанскиот стратег го посочил купувањето на нов централен играч за врска како еден од неговите приоритети во јануари.
Даглас Луиз од Астон Вила беше меѓу имињата кои исто така се поврзуваа со Арсенал, но со оглед дека тимот на Унаи Емери постави цена од 130 милиони евра, „топчиите“ го свртеа своето внимание кон Палиња по неговиот импресивен почеток на сезоната.
Португалецот беше блиску до заминување од Фулам летото кога германскиот гигант Баерн Минхен договори трансфер од 55 милиони фунти со лондончани, но трансферот пропадна во последен момент бидејќи тимот на Марко Силва не можеше да најде замена. Иако Баерн сѐ уште сака да го ангажира, Арсенал е подготвен да им конкурира за потписот на играчот од средниот ред.
Доколку Палиња се пресели на „Емирати“, тоа ќе значи крај на кариерата на Томас Парти во дресот на „топчиите“. Репрезентативецот на Гана се сметаше дека минатото лето ќе го напушти лондонскиот клуб, а за него беше заинтересиран Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













