Connect with us

Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Арсенал официјално го потврди ангажманот на крилниот напаѓач Нони Мадуеке од Челси. Тој пристигнува на „Емирати“ во трансфер вреден 48,5 милиони фунти, плус дополнителни 3,5 милиони фунти како бонуси, кои лесно може да се активираат.


Мадуеке потпиша петгодишен договор со „топчиите“, со што стави крај на неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“, каде мина две и пол сезони, откако беше доведен од ПСВ Ајндховен за 29 милиони фунти во јануари 2023 година.

За Челси одигра вкупно 92 натпревари, постигнувајќи 20 голови и девет асистенции. Последен пат настапи за клубот на Светското клупско првенство, каде беше дел од шампионскиот тим, иако ги пропушти последните два натпревара бидејќи се врати во Англија за да го финализира трансферот во Арсенал.


Неговиот настап во дресот на „сините“ може да се смета за успешен, особено во првите две сезони, кога дури доби и повик во англиската репрезентација. Со текот на времето, Мадуеке ја изгуби довербата на тренерот Енцо Мареска, што доведе до разделба.

Во Арсенал, менаџерот Микел Артета најверојатно ќе го користи на левото крило, каде ќе се бори за место со Габриел Мартинели. Тимот од „Емирати“ останува активен на трансфер пазарот – по Мадуеке, се очекува наскоро да ги финализира и трансферите на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон и Кристијан Москера од Валенсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови