 
																												
														
														
													Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека во наредниот период нема да може да смета на двајца стандардни играчи.
Арсенал сака да направи пробив оваа сезона и да ја донесе титулата на „Емирати“. Последен пат тие беа шампиони во сезоната на „непобедливите“ во 2004 година, но тогаш клубот сè уште играше на „Хајбери“.
За таа цел им се потребни сите расположливи сили, па Арсенал се соочува со сериозен проблем.
Имено, Микел Артета не може на неодреден период да смета на Габриел Жесус и на Томас Парти.
Тоа е период од неколку недели, како што рече Шпанецот, кој може да го одреди текот на сезоната за Арсенал.
Репрезентативците на Бразил и Гана имаат мускулни повреди.
„Топчиите“ во моментов се третопласиран тим во Премиер – лигата, со два бода помалку од лидерот Тотенхем.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														