Арсенал е подготвен да реализира трансфер од 100 милиони евра, кој би бил најголемиот во историјата на клубот. „Tопчиите“ имаат намера да искешираат 100 милиони евра за Кристофер Нкунку, кој минатата сезона експлодираше во дресот на Лајпциг.
Французинот може да игра на позицијата „лажна“ деветка, како и на позицијата зад напаѓачite, а сигурно би бил големо засилување за клубот од северен Лондон.
За Нкунку минатата сезона беше навистина фантастична, со дури 35 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања.
Во Бундес – лигата 20 пати ја тресеше противничката мрежа. Со Лајпциг го освои Купот на Германија што е најголемиот успех во историјата на овој клуб.
Доколку не успеат да го доведат Нкунку кој го посакуваат и ПСЖ и Милан, „топчиите“ ќе тргнат по Габриел Жесус, кој е вишок во Манчестер Сити по доаѓањето на Ерлинг Халанд.
Инаку, најскапото засилување во историјата на Арсенал досега е Николас Пепе, кој пред три години беше платен 80 милиони евра на Лил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal