
Арсенал и Вест Хем ги договорија условите за трансфер на играчот од средниот ред Деклан Рајс на „Емирати“. Двата клуба во последните денови беа во интензивни преговори, а „чеканите“ одбија неколку понуди на „топчиите“. На крајот, сепак, двете страни постигнале договор и се очекува зделката да биде финализирана многу брзо.
Вкупната вредност на трансферот ќе биде 105 милиони фунти, од кои 100 ќе плати Арсенал во неколку транши, а останатите 5 милиони ќе бидат во форма на бонуси.
Вест Хем претпочиташе да ја добие сумата во две транши до 2025 година, но на крајот се очекува да се согласи таа да биде распоредена на подолг временски период.
Деклан Рајс ќе потпише шестгодишен договор, а ќе заработува 250.000 фунти неделно. Тој ќе биде вториот најплатен играч во тимот на Арсенал по Габриел Жесус.
Претходно и Манчестер Сити и Баерн Минхен беа во трката за Деклан Рајс, но се откажаа поради големите финансиски барања на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
