Connect with us

Арсенал го обнови интересот за Арда Ѓулер

Арсенал го обнови интересот и повторно почнал да го следи младиот талент на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, пренесуваат медиумите на Островот. Лондончани одамна го следат развојот на турскиот плејмејкер и повторно испратиле свои скаути на натпревари на „кралскиот клуб“.

По тешкиот почеток во шпанската престолнина, 19-годишниот Ѓулер заблеска под водство на Чаби Алонсо, кој го претвори во еден од клучните млади фудбалери во составот. Во времето на Карло Анчелоти постоеше реална можност Турчинот да си замине, бидејќи неколку клубови покажаа сериозен интерес.

Покрај Арсенал, меѓу екипите што ги следат настапите на Ѓулер се Тотенхем, Њукасл, Милан, Борусија Дортмунд и Лајпциг. Се очекува во 2026 година конкуренцијата за неговиот потпис да се зголеми, особено ако со враќањето на Џуд Белингам неговата улога во тимот биде намалена.

Сепак, позицијата на Реал Мадрид е јасна – Ѓулер не е на продажба. Раководството и Чаби Алонсо го гледаат како долгорочна инвестиција, како од спортски, така и од стратешки аспект.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови