
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше многу разочаран по испаѓањето на неговиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите по поразот на пенали од Пари Сен Жермен. Според него, не е фер што неговиот тим го завршува учеството во турнирот толку рано, особено откако претходно ја заврши групната фаза како лидер.
„Ова беше еден од најдобрите натпревари на кои сум бил дел некогаш. Неверојатен настап, особено во споредба со минатата недела. Во првите 20-25 минути целосно ги надигравме, создадовме шанса по шанса, но за жал губевме со 0-1. Можеби немавме среќа, бидејќи разликите беа многу мали. По 90 минути, мислам дека заслуживме повеќе од тоа да губиме со 0-1. Очекував секој момент да постигнеме гол. Во второто полувреме, ако не ги броиме последните пет минути, противникот немаше никакви шанси. Одигравме совршен натпревар, ако не ја земеме предвид неефикасноста. Истото можеше да се каже за ПСЖ минатата недела, но сега ситуацијата се смени“, изјави Слот.
„Секогаш е тешко кога ќе вложиш толку многу труд. Во првите 25 минути бевме многу агресивни, но кога погледнавме на семафорот, резултатот беше 0-1 по еден несреќен гол. Кога си дал сè од себе, на крај е тешко кога сè се решава на пенали. А, како што е познато, ние Холанѓаните знаеме како да губиме на пенали. Од наша перспектива, заслуживме барем реми во регуларното време, но натпреварот се реши на пенали“, додаде Холанѓанецот.
„Ми се чини неправедно што испаѓаме толку рано, особено бидејќи ја завршивме групната фаза како првопласирани, но ни се падна ПСЖ. Сепак, тоа е убавината на фудбалот. Целиот свет уживаше во овој натпревар, каде разликите беа минимални. За да победиш, треба да имаш и малку среќа. Минатата недела беше на наша страна, но сега ни сврте грб. Сега знаеме што нè очекува до крајот на сезоната – ќе играме финале во Карабао Купот и уште девет натпревари во Премиер – лигата“, заклучи менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома ќе го задржи Паредес до 2026 година

Евро-фудбал
Флик: Долг е патот до трофејот во ЛШ

Uncategorized
Работнички со минимален триумф против Тиквеш

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години поразени од Хрватска на првиот тест

Интернационалци
Елиф Елмас е во тимот на колото во Серија А (ФОТО)
