Connect with us

Аркадиуш Милик по 550 дена повторно тренираше со тимот на Јувентус

Полскиот напаѓач на Јувентус, Аркадиуш Милик, повторно тренираше со соиграчите по пауза од цели 550 дена.

Фудбалерот кој во 2022 година пристигна во Торино од Олимпик Марсеј како позајмен играч, а летото 2023 беше откупен за вкупна сума од осум милиони евра, досега одигра 75 натпревари за „старата дама“, при што постигна 17 голови и запиша две асистенции.

Неговиот последен настап беше на 25 мај 2024 година, кога Јувентус славеше со 2-0 против Монца во рамки на Серија А.

Милик во јуни 2024 година заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, по што подолго време беше надвор од терените. Процесот на рехабилитација се одвиваше со бројни компликации, но во саботата 31-годишниот полски репрезентативец конечно повторно се приклучи на екипниот тренинг, првпат по повеќе од една година, пренесуваат италијанските медиуми.

Иако не го одработи тренингот во целост и учествуваше само делумно, ова сепак претставува значаен чекор напред по долгиот период на отсуство.

Јувентус денеска гостува кај Болоња во натпревар од италијанската Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови