
Англискиот премиерлигаш Вест Хем го договори трансферот на францускиот голман Алфонс Ареола од Пари Сен Жермен.
29-годишниот голман се договори за нова соработка со „чеканите“ и се враќа во Премиер – лигата каде претходно беше на позајмица во Фулам. Тој е подготвен да потпише петгодишен договор со Вест Хем.
Ареола не успеа да се наметне во првиот тим на ПСЖ и главно беше на позајмици почнувајќи од 2013 година наваму, во клубот е од осумгодишна возраст и ги помина сите помлади селекции и на ПСЖ и на француската репрезентација.
За прв голман на лондонскиот тим ќе се бори со Лукаш Фабијански, кој со години е неприкосновен на гол-линијата на „чеканите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal