
Шампионот на Македонија, Струга Трим Лум, потпиша професионален договор со Арби Воша. 22-годишниот крилен напаѓач дојде од Шкупи каде минатата сезона одигра вкупно 33 натпревари од кои три натпревари и во европските натпреварувања.

„Арби Воша е играч со исклучителни вештини. Брз, прецизен и пред сѐ играч кој има визија“, изјави спортскиот директор на Струга Трим Лум, Бесарт Исаку.
„Присуството на Арби Воша во тимот ќе биде многу важно за нас во наредните години. Среќни сме што успеавме да го ангажираме овој играч, бидејќи веруваме дека тој ќе биде важен фактор во исполнувањето на нашите амбициозни цели“, изјави спортскиот директор на клубот.
Минатата сезона Арби Воша забележа шест гола и четири асистенции во Првата лига, каде досега има одиграно вкупно 143 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски потпиша за романскиот Клуж
