
Арсенал беше еден од 12 основачи на Европската Суперлига, што предизвика жестоки реакции. Притисокот од навивачите доведе до повлекување на сите шест премиерлигашки клубови, но сепак тоа не го спречи масовниот протест пред стадионот на Арсенал, „Емирати“ пред дуелот со Евертон.
Реакциите не стивнуваат, а сега се огласи и легендата на “топџиите”, Тиери Анри.
„Ова не е Арсенал. Повеќе не го препознавам мојот клуб и не ми е јасно зошто се обидоа да се приклучат на лига која ќе беше затворена за другите. За мене ова нема смисла“, изјави Французинот за британските медиуми. “Тие го водат клубот како компанија, а не како фудбалски клуб и овде си го покажаа правото лице“.
“Можеби е недостаток на разбирање за основните фудбалски вредности и можеби парите беа преголеми за да одолеат на ова искушение. Што и да беше, тие згрешија многу”, изјави Анри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
