
Македонскиот селектор Игор Ангеловски, заедно со останатите од делегацијата на ФФМ во која се в.д претседателот Мухамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и портпаролот Златко Андоновски, денеска од 12 часот во Даблин ја очекува ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2020.
Ако се прашува Ангеловски дефинитивно посакува Македонија да биде во полесна група, со понеатрактивни противници, во желбата секако да се стигне до најголемиот успех низ историјата на квалификациските наши циклуси…
„Лично посакувам ете да бидеме во група со Италија од првиот шешир, па Исланд или Велс од вториот, Израел од третиот и Естонија или Литванија од четвртиот шешир. Од шестиот шешир сеедно е која селекција ќе ни се падне. Ете тоа е мојата желба“ – вели низ смеа селекторот Ангеловски, веднаш дополнувајќи и со имињата на селекциите кои не сака да ги добиеме за противници.
„Не сакам сигурно да бидат оние најмоќните европски селекции од првиот шешир меѓу кои Германија или Франција. Сепак, каква и да е групата јасно е дека ние мора пред се да гледаме за себе. Мора максимално да бидеме подготвени за предизвикот кој не очекува во квалификациите. Во модерниот фудбал и нема веќе така лесни противници, за никого. Ние направивме еден голем чекор со пласманот во плејоф завршницата од Лигата на нации, но не смее тоа да не задоволува. Наша цел мора да биде пласман на ЕП 2020, без разлика дали преку Лигата на нации или преку редовните квалификации кои сега не очекуваат од март следната година“ – истакнува Ангеловски.
УЕФА квалификациите за пласман на ЕП 2020, по денешната ждрепка во Даблин, ќе стартуваат на крајот на март следната година. Плејофот од Д дивизијата во Лигата на нациите, пак, е закажан за март 2020 година. Македонија во полуфиналето на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Косово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
