Connect with us

Ангеловски: Пресудна беше нереализираната шанса на Николов

МАКФУДБАЛ на ЕУРО во Букурешт

Никола Ѓуровски

Пропуштената шанса за Николов за водство од 2-1 била клучна за исхотот од натпреварот со Австрија кој македонскиот состав го загуби со 3-1 на стартот од Европското првенство.

„Одиме понатаму со кренати глави, имаме уште два натпревари и се подготвуваме за следниот натпревар со Украина. Секако, не можам да бидам горд на играчите кои изборија пласман на ЕП. На моменти функционирамвме добро. Имаше моменти кога имавме посед на топката и контрола на ситуацијата. Кога се кршеше резултатот, мислам дека клучна беше онаа шанса на Николов која не успеавме да ја реализираме за 2-1, а на спротивната страна, беше клучен вториот гол кој го примивме. Немаме причина да бидеме разочарани, затоа што имаме уште два натпревари и треба да не ги направиме истите грешки. Благодарност за навивачите, немам зборови за атмосферата, жалам само што не успеавме да вратиме со позитивен резултат“, вели Ангеловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови