
Шпанските медиуми веќе извесно време пишуваат дека иднината на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е неизвесна. Причината не се само резултатите на тимот во последно време, туку и фактот што Анчелоти добил ултиматум со рок до кога треба да одлучи дали сака да ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Судбината на Анчелоти ќе зависи од тоа дали ќе освои трофеи до крајот на сезоната, а во моментов двата најважни трофеи не му се блиску. Реал загуби со 0-3 на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите од Арсенал, а во шпанското првенство има четири бода помалку од водечката Барселона.
Реал Мадрид планира да го доведе Чаби Алонсо ако Анчелоти не успее да ја заврши сезоната со успешни резултати и трофеи, пренесуваат шпанските медиуми, но не е прецизирано дали успехот го вклучува и Светско клупско првенство.
Она што стана дополнително важно е рокот до кога Анчелоти може да размислува дали сака да биде селектор на Бразил. Според пишувањата, бразилската федерација му порачала дека има време за одлука до 31 мај, датумот кога се игра финалето на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Еберечи Езе се согласил на трансфер во Тотенхем

Евро-фудбал
Влаховиќ пред трансфер во Барселона?
