
Реал Мадрид одигра многу лош натпревар синоќа во Париз, каде беше поразен од ПСЖ со минимални 1-0. Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе кој постигна феноменален гол во последната минута од судиското продолжение, но ПСЖ беше апсолутно надмоќен во овој дуел.
Тоа беше првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, а на Анчелоти и Реал Мадрид им останува само да му се заблагодарат на Тибо Куртоа што се уште не е решено прашањето за патникот во следната рунда од нокаут фазата во ЛШ. Тпј му одбрани пенал на Лионел Меси.
„Не успеавме да ја извадиме топката и имавме многу непрецизни додавања. На тоа не принудија со висок притисок и добро го направија со тоа што не ставија во тешка позиција. Сега треба да ги притиснеме во реваншот. Заостануваме во резултатот и мораме да бидеме посилни на топката отколку што бевме сега“, изјави Анчелоти по натпреварот.
Италијанскиот тренер во реваншот нема да може да смета на Кашемиро и на Ферлан Менди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal