Connect with us

Анчелоти објасни зошто не го повика Нејмар во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, истакна дека отсуството на напаѓачот на Сантос, Нејмар, од националниот тим се должи на техничка одлука.

„Ова е техничка одлука која не е условена од физичките проблеми на играчот. Се работи за одлука базирана на повеќе фактори. Никој не може да го оспори талентот на Нејмар, но пред сè ја оценуваме неговата физичка подготвеност и состојбата на останатите играчи. Конкуренцијата е огромна: имаме најмалку 70 играчи кои можат да бараат место во репрезентацијата“, истакна Анчелоти.

Тој вели дека полека Бразил ја добива физиономијата што тој ја посакува.

„Сакаме да бидеме интензивни, сигурни во одбраната и брзи со топката. Рамнотежата е од клучно значење. Веќе размислувам за Светското првенство во 2026 година. Најголемата грешка би била да се избере тим од 25 играчи. Квалитет има, но најважна е силата на колективот. Бразил не освоил Светско првенство веќе 24 години. Времето дојде. Одговорноста е огромна, но мотивацијата на целата земја може да биде пресудна“, изјави Карло Анчелоти.

Бразилската репрезентација веќе си обезбеди место на Светското првенство во 2026 година. Во септември, Бразил ќе игра против Чиле и Боливија во последните натпревари од квалификациите. Дуелите ќе се одиграат на 9 и 14 септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови