
Мундијалот се ближи, односно почнува за 11 дена. Ситуацијата со Карим Бензема е тензична, а веста за него ја пренесе неговиот тренер Карло Анчелоти.
Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп вечерва од 20 часот ќе ги соопшти имињата на играчите кои ќе ги бранат боите на претстојното Светско првенство.
Загрижувачки е повредата на Карим Бензема. Последниот освојувач на „Златната топка“ се бори со повреди и не можеше да му помогне на Реал Мадрид на многу натпревари оваа сезона.
„Настапот на Бензема на Светското првенство не е доведен во прашање. Вознемиреност за Французите може да биде тоа што тој ќе оди на Мундијалот без натпревари. Ми пречеше што не можеше да му помогне на тимот, се обидуваше да биде на располагање, но можеше не“, изјави Анчелоти.
Два дена по отворањето на завршниот турнир во Катар, Франција на 22 ноември ќе го одигра првиот натпревар против Австралија.
За овој натпревар, сепак, тренерот Дидие Дешамп не знае дали ќе може да смета на услугите на Карим Бензема, кој се уште е повреден.
Карим Бензема последен пат играше на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Франција е во група заедно со Данска, Австралија и со Тунис, кој дефинитивно е аутсајдер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
