Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на првото полуфинале против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Италијанецот смета дека многу луѓе не очекувале тој да се најде на овој брифинг со оглед на четвртфиналната пресметка против Манчестер Сити.
„Малкумина очекуваа дека ќе бидам на оваа прес-конференција“, прокоментира Анчелоти во главниот град на Баварија. Тој е поранешен тренер на Баерн, каде за првпат во кариерата доби отказ.
„Луѓето веќе очекуваат да бидеме во финалето во Лондон, но тоа не ми пречи. Имаме самодоверба да се соочиме со противник кој сезонава не се снајде толку добро во Бундес-лигата, но успеа да се носи со Арсенал. Историјата е важна во Лигата на шампионите и тоа е во наша корист“, продолжи тренерот на Реал.
„Ние и Баерн сме слични по тоа што во моментов двата тима немаат јасен идентитет на теренот. Можеме да играме на различни начини. За натпреварот не сум планирал ништо посебно на тактички план. Ќе игра Чуамени, но не знам на која позиција. Милитао е здрав и достапен исто така. Треба да бидеме внимателни, добро да се браниме, да не дозволуваме контранапади и успешно да напаѓаме. Кога си во полуфинале, мора постојано да бидеш на врвно ниво“, истакна Анчелоти.
„Најважната улога не е тренерот, туку самите играчи. Постојат два вида ментори: оние кои не менуваат ништо и оние кои принудуваат на многу промени. Се трудам да бидам еден од првите. Играчите се тие на теренот. Можете да им објасните одредена тактика, да ги убедите како да постапат, но тие се оние од кои зависи сѐ на теренот. Работата на тренерот е да се фокусира на тоа неговиот тим да ја разбере важноста на тимската игра.
Не се чувствувам одмазднички поради тоа што сум отпуштен од Баерн. Имам дури и среќа што бев тренер овде. Имам фантастични спомени таа година и пол“, заклучи Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













