Connect with us

Анчелоти е бесен: Бевме многу лоши, со ваква игра ќе испаднеме и од Атлетико во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изрази големо незадоволство по поразот од 1-2 против Бетис во 26. коло од Ла Лига. Италијанецот истакна дека неговиот тим не го прикажал посакуваното ниво и дека мора брзо да реагира пред дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

„Добро го започнавме натпреварот, но не успеавме да го задржиме интензитетот, ангажманот и ставот. Противникот заслужено победи. Ова е сериозен удар за нас, мора да покажеме реакција. Не одигравме како што се очекуваше“, рече Анчелоти.

Со овој резултат, шансите на Реал за освојување на титулата во Ла Лига значително се намалија.

„Не можам да влезам во главите на играчите, но беше очигледно дека не го одржавме темпото. Ако продолжиме вака, нема да можеме да го победиме Атлетико во Лигата на шампионите. Се надевам дека тимот ќе се разбуди“, додаде италијанскиот стратег.

Сега „кралевите“ ќе очекуваат грешка од нивниот најголем ривал Барселона, која вечерва го игра својот натпревар против Реал Сосиедад. Во меѓувреме, Атлетико Мадрид се искачи на врвот на табелата откако славеше со 1-0 против Атлетик Билбао.

„Килијан Мбапе имаше проблем со заб и не беше целосно подготвен. Не тренираше доволно, па затоа решив да го заменам. Бевме добри во првите 20 минути, но во остатокот од натпреварот нашата игра беше лоша“, заклучи Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови