
Американски конзорциум составен од 12 инвеститори поднел рекордна понуда за мнозинскиот пакет акции на Тотенхем. Според британските медиуми, понудата е иницирана од Бруклин Ерик, поранешен диџеј кој подоцна ја смени професионалната насока и почна да работи во НАСА.
Вредноста на целата трансакција достигнува 4,5 милијарди фунти: 3,3 милијарди за акциите на „ENIC“ и дополнителни 1,2 милијарди обезбедени како инвестиции за трансфери и плати уште во јануарскиот преоден рок. Со тоа, оваа понуда го надминува рекордот од 4,25 милијарди фунти кои Тод Боели ги плати за Челси во 2022 година.
Потенцијалните нови сопственици планираат и продажба на правата за името на стадионот, со што би генерирале дополнителни 250 милиони фунти.
И покрај тоа што сопствениците од „ENIC“ и семејството Луис тврдат дека Тотенхем не е на продажба, понудата е значително повисока од пазарната вредност на клубот, која „Форбс“ ја проценува на 2,6 милијарди фунти, што би можело да ја промени динамиката на целиот процес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Оливие Жиру постави нов рекорд во Лига Европа

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
