Connect with us

Алварез даде гол, Облак имаше среќа со стативите и Атлетико е на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид оствари значајна победа од 1-0 против Атлетик Билбао во драматичен дуел, а херој на вечерта беше аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Тој го постигна единствениот гол во 66-та минута, со што му донесе три вредни бода на тимот на Диего Симеоне и го искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 56 бода.

Сега „јорганџиите“ имаат два бода предност пред Реал Мадрид, кој утре ќе го чека исходот од дуелот меѓу Барселона и Реал Сосиедад.

Атлетико имаше и малку среќа, бидејќи Атлетик Билбао создаде неколку одлични шанси, но не успеа да ги реализира. Баскијците дури трипати ја погодија рамката на голот, но Јан Облак и одбраната на Атлетико издржаа до крајот за да го задржат минималното водство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови