
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во “Куќа на фудбалот” на Аљоша Асановиќ, легендарниот фудбалер од бронзената генерација (1998) на Хрватска, денес во улога УЕФА консултант задолжен за развој на млади елитни фудбалери.
“Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, зајакнување на односите со нашиот оддел за младински фудбал и доказ за важноста да се инвестира во младите, осигурувајќи дека ги добиваат правите насоки и можностите за напредок. Ова е, исто така, одлична можност да ги инспирираме нашите фудбалери од Академијата на ФФМ и да ги подобриме нашите програми. Поддршката на УЕФА е непроценлива за развој на оваа категорија фудбалери”, рече претседателот на ФФМ Омерагиќ.
„Гледам нови ветришта во македонската куќа, се надевам на блиска соработка наскоро со сите вас, посебно со Ѓорги Христов, затоа што јас знам дека за развој на фудбалот во Македонија е еден од најдобрите.Го запознав претседателот, гледам дека е енергичен, сака напредок во фудбалот и тоа е добар знак за македонскиот фудбал да се крене, бидејќи има таленти. Ова е поднебје каде што има таленти, само треба да се најдат вистинските луѓе за тоа. Убеден сум дека тоа е правиот пат за македонскиот фудбал.Едноставно гледам голема енергија и она што е важно, имате знаење и продолжете понатаму“, порача Асановиќ.
„Не случајно Асановиќ е одговорно лице на УЕФА и претседателот Чеферин за помош со неговото знаење и искуство како ние да ги оствариме целите кои ги имаме зацртано, а се многу важни во фудбалот.Јас се чувствувам слободен и нема да се срамам во секој момент да ја побарам помошта од Асановиќ и неговиот тим за се што е поврзано за развој на младите, бидејќи тоа нас ни е клучно. Ќе почнеме од најмладите, од генерацијата 2012. што треба веќе на лето да ја селектираме. Заедно да направиме еден систем кои ќе го следат многу генерации во иднина“, вели Христов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
