
Фудбалската репрезентација на Македонија стартува нов циклус квалификации за Европското првенство 2024 во Германија. Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Малта на 23 март на арената „Тодор Проески“.
Езгјан Алиоски вели дека стартот е многу важен за нашиот национален тим.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и со Украина.
Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, изјави Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
