
Европската Суперлига се заканува да го урне комплетниот досегашен систем за клупскиот фудбал на УЕФА и да ги распадне Лигата на шампионите и Лигата на Европа, во новниот сегашен облик. Ова отвори огромно поле за дискусија, но и загриженост кон каде ќе се движи европскиот и светскиот фудбал. ФИФА комплетно ја поддржува УЕФА и најавуваат тужби за огромна отштета – 50 милијарди евра, кон клубовите одметници, но и забрана за играње во националните лиги.
Сер Алекс Фергусон даде изјава за Ројтерс околу основањето на Европската Суперлига.
„Разговорите за Суперлигата се разидуваат со 70 години од развојот на европскиот клупски фудбал. И како играч на провинцискиот тим Данфермлајн Атлетик во шеесеттите години и како менаџер на Абердин кој го освои Купот на победниците на куповите, сведок сум дека за мал провинциски клуб во Шкотска тоа беше како искачување на Монт Еверест. Евертон троши 500 милиони фунти за изградба на нов стадион со амбиција да игра во Лигата на шампионите. Навивачите ширум светот го сакаат натпреварувањето такво какво што е. Во мое време во Манчестер Јунајтед игравме во четири финалиња на Лигата на шампионите и секогаш тоа беа посебни ноќи за паметење. Не сум вклучен во процесот на носење одлуки во Манчестер Јунајтед“, изјави сер Алекс Фергусон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Жорди Алба потпиша нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
