Осман Дембеле можно е повторно да ја обновил повредата на задната ложа за време на натпреварот против Ница.
„Ме боли задната ложа, многу ме боли“, оваа реченица, снимена од ТВ камерите, предизвика загриженост во редовите на Пари Сен Жермен.
Францускиот репрезентативец ја кажал на соиграчот Ашраф Хакими во моментите на славење по драматичната победа над Ница во саботата навечер.
Според информациите, Дембеле чувствувал непријатност на истото место уште во средата, за време на мечот со Лориен. Поради тоа, тренерот Луис Енрике одлучил да не започне во стартната постава против Ница, туку да го внесе во игра во 74. минута наместо Заир-Емери. Иако ПСЖ дојде до победа со гол на Гонсало Рамош во 90. минута, изгледа дека Дембеле повторно ја почувствувал истата болка што го држеше надвор од терените речиси еден месец.
Распоредот на ПСЖ во следниот период е исклучително тежок. Пред репрезентативната пауза, тимот го очекуваат два многу важни натпревари – дербито со Лион наредниот викенд, како и големото европско соочување против Баерн Минхен на Венсан Компани во групната фаза од Лигата на шампионите.
И покрај растечката загриженост, Луис Енрике се обиде да ја смири ситуацијата:
„Мораме да бидеме трпеливи и да го слушаме неговото тело. Дури и да го видиме Дембеле на терен десет или дваесет минути, тоа веќе е голема радост.“
Сепак, евентуалното отсуство на Дембеле би претставувало сериозен удар за ПСЖ, кој оваа сезона има јасна цел — освојување на тројната круна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













